Македонија
24. September 2020 - 10:57

Албански државјанин со фалсификуван пасош уапсен на граничниот премин „Табановце“

Вчера во 12.45 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Д.С.(35) од Р.Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека една страница од албанската патна исправа недостасува, а на нејзино место била вметната страница од друга патна исправа, соопштија од МВР.

Д.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.