Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
Изградбата на новиот клинички центар е паралелен процес со проектот за регионализација на болниците. Министерот за здравство смета дека завршувањето на здравствените установи во Штип и Кичево и ставање во погон на капациетите во внатрешноста може да биде во исто време и со модерниот клинички комплекс што го најавува Владата, но не зависат еден од друг. За реализацијата на второто ветување треба прво финализирање на преговорите со сопственикот на земјиштето лоцирано до салата Борис Трајковски.
- Во секоја држава здравствениот систем или елитата на здравствениот систем или нови покомплексни случаи се во терциерното здравство. Тоа ни е главна активност што мора да ја решиме. Со децении се зборува за нов клинички центар така да тоа воопшто не се поврзува со регионализацијата, вели Азир Алиу, министер за здравство.
Алиу вели и покрај неколку предлози за локација на новиот клинички центар, работната група проценила дека и временски и финансиски најмногу одговара просторот кај салата Борис Трајковски што е од другата страна на булеварот кај болницата 8-ми септември.
- Денес кога велиме за клинички центар, најоптимално е да биде во овој простор кај што сме блиску до болницата 8-ми септември и тоа поради две причини. Едната е што поевтино ќе не чини да имаме тука клиничк ицентар, и втората е времеснка, тука не почнуваме од нула, имаме дел од здравствеата инфраструктура и само дел од здравствена инфраструктура треба да се глари, вели Алиу.
Премиерот Мицковски најави дека изградбата може да почне од наредната година доколку најдат решение за просторот кој е приватно земјиште. Новиот комплекс со подземен премин треба да биде поврзан со ГОБ 8-ми септември каде се наога и ПЕТ центарот како и поликлиниката Букурешт.
Изминатите години имаше неколку ветувања за нов модерен комплекс. Од потпишаниот па раскинат договор на местото на сегашниот клинички, до локацијата во Веле Поле кај Ѓорче Петров.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
