Loading Video...
Спорт плус
15. February 2023 - 19:29

Алкалоид е генерален спонзор на македонската таеквондо федерација

Нова соработка која ќе му донесе големи успеси на македонскиот спорт и пред се таеквондото откако денеска оваа успешна федерација доби нов спонзор во името на компанијата Алкалоид која секогаш ги поддржува македонските спортски приказни. 

„Чест и гордост ни е што сме тука заедно со македонската таеквондо федерација. За нас како компанија која е општествено одговорна и на која спортот ѝ е приоритет, е многу важно што се вклучуваме во спортот. Оваа година и следната, колку што е договорот, сакаме да бидеме дел од системот во таа подготовка. Среќен сум кога ќе видам посветени луѓе кои ја претстасвуваат Македонија како амбасадори на високо ниво. Навистина е голема радост тоа што го направи Дејан на Олимпијадата. Јас сум оптимист дека ќе освоиме нови медали“, Изјави директорот на Алкалоид , Живко Мукаетов.

Задоволството во редовите на Таеквондо федерацијата го изразија претстедателот Борче Костовски и репрезентативецот Дејан Георгиевски. 

„Благодарност до Мукаетов, кој е човек што со широко срце му помага на македонскиот спорт. Тој ја препозна нашата приказна и потенцијалот. Заедно ќе бидеме успешни во иднина. Оваа година ја почнавме силно, Дејан освои медал на Президент Купот, а впо следниот период нè очекуваат силни турнири. Се бориме за норми во Париз, се надевам дека ќе го оствариме тоа“, изјави претседателот Костовски.

„Му благодарам на Алкалоид за поддршката. Годинава освоивме медал на Президент Купот во Турција и се надевам дека така ќе продолжиме. Имаме многу турнири на календарот“, видно возбуден го изрази своето задоволство Дејан Георгиевски кој најави нови успеси на овој спорт со поддршката на Алкалоид.