Loading Video...
Тенис
10. September 2022 - 18:52

Алказар и Руд во машкото финале на УС Опен - вечерва (22 ч) Швјонтек и Џабер ќе се борат за трофејот кај дамите

Карлос Алказар и Каспер Руд ќе играат во финалето на УС Опен. 
 
Ова е исходот по полуфиналните мечеви во кои 3.носител Шпанецот, Карлос Алказар по голема борба и речиси пет часовен ме го совлада Американецот, Франсес Тиафо со 3-2 во сетови.
 
5-носител во Њу Јорк,  Норвежанецот, Каспер Рут одигра еден сет помалку во мечот со Русинот Карен Качанов кого го победи со 3-1. 
 
За двајцата тенисери кои атакуваат на својот прв трофеј од Гренд-слем турнирите е од огромно значење, бидејќи победникот од понеделник ќе избие на 1 место на АТП листата. 
 
Кај дамите вечерва од 22 часот на програмата е финале. За трофејот ќе се борат фаворитката број 1 Ига Швјонтек од Полска и 5-тата носителка  Онс Џабер од Тунис.