Аманатидис: Блиску сме до договор, ги чекаме одлуките од Скопје

Блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија Скај и објасни дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна ѝ е потребно време за да го разгледа договорот“.
Заменикот на Коѕијас рече дека договорот е во интерес и на двете земји и „ги решава проблемите на таков начин што нема да се создаваат конфликти во иднина“.
-Тоа е пакет решение, министерот откри дека е на околу 20 страници во кои се споменати сите прашања: иредентизмот, уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, а секако и временскиот рок во кој ќе се имплементира сѐ ова. Ние сме во исчекување, вели Аманатидис и изрази уверување дека договорот ќе биде таков што „ќе го прифати поширокото мнозинство во грчкото општество и поширокото мнозинство во парламентот“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на денешните демонстрации, заменик шефот на грчката дипломатија рече дека Грција е демократска земја и секој може да протестира и да го изразува неговото мислење, но на сите оние што ќе учествуваат на протестите им порача дека би требало „да размислат и за последниците на нерешавањето на проблемот“.
- Она што сакам да му го кажам на народот е дека грчката влада ја разбира чувствителноста, секогаш ја зема предвид, но од друга страна постои и националниот интерес, рече Аманатидис и објасни дека нерешавањето на прашањето е на товар на националните интереси.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
