Амбасада на САД во Македонија ја поздрави акцијата „Ќелија“ на МВР

Амбасадата на САД попладнево преку соопштение ја поздрави акцијата што ја споведоа изутрината Министерството за внатрешни работи против лица за кои постојат сомневања дека се терористи и дека помагаат тероризам.
- Информирани сме дека оваа операција беше резултат на една долготрајна и внимателна истрага од страна на полицијата, разузнавачките служби и Канцеларијата на јавниот обвинител, и тоа во согласност со новите македонски закони против тероризам. Ја поддржуваме Владата што користи кривично-правни постапки за да се запре приливот на терористички борци во конфликтните региони, за да се сосече напливот на насилство, и за агресивно да се спротивстави на насилниот екстремизам, се вели во соопштението.
Според Амбасадата на САД, денешната акција претставува придонес кон регионалните и глобалните напори да се стави крај на злото на тероризмот. - Како што секретарот Кери изјави: „Секоја држава може да одигра улога” во напорите да се запре и порази ИСИЛ. Соединетите Држави се посветени да им помогнат на Македонија и на другите држави во регионот и во светот во нивните напори да се борат против ИСИЛ. Како што претседателот Обама кажа во Обединетите Нации минатиот септември, оние кои се посветени на оваа итна работа, ќе најдат силен и стабилен партнер во Соединетите Американски Држави, наведува во соопштението Амбасадата на САД во Македонија.
Ново на Сител
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
