Македонија
23. December 2023 - 20:52

Американец незаконски влегол во касарна „Илинден“, полицијата го уапси

Вчера во 15 часот во кругот на касарната „Илинден“ полициски службеници го уапсиле К.В.Р.(69) од САД, поради тоа што неовластено влегол во касарната.

Американскиот државјанин немал дозвола за влез во касарната, а полицијата го приведе.

Како што информираат од МВР, се работи за 69-годишен маж, а известени се обвинителството и безбедносните служби.