Американски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец, првпат по посетата на Пелоси

Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, изјавија тројца американски претставници.
Тоа е прва таква операција по засилените тензии со Кина поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.
Во последниве години, американските воени бродови, а повремено и сојузничките земји како Велика Британија и Канада, рутински пловеа низ теснецот. Кина започна воени вежби во близина на островот по посетата на Пелоси на почетокот на август, а тие вежби продолжија. Патувањето го налути Пекинг, кој го сметаше за обид на САД да се меша во внатрешните работи на Кина.
Официјалните претставници рекоа дека крстосувачите на американската морнарица Chancellorsville и Antietam ја спроведуваат операцијата, која сè уште е во тек.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
