Loading Video...
Балкан
12. January 2023 - 19:44

Американскиот дипломат Дерек Шоле на средби со политичкиот врв во Белград

Европскиот пат на Србија и продолжување на дијалот со Приштина се дел од темите на денешните разговори на Советникот во американскиот Стејт Департмент, Дерек Шоле со претседателот и премеирот на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ во Белград.

Шоле вчера ја посети Приштина а по одвоените средби со премиерот и претседателката на Косово, Албин Курти и Вјоса Османи истакна дека Косово мора да ги исполни обврските и да ја формира заедницата на српските општини. Порача и дека конечниот договор за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина треба да доведе до заемно признавање.