Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение од надлежните органи, а „Џонсон и Џонсон“ исто така се подготвуваат да продолжат со тестирање на својата вакцина, јави „Ројтерс“.
„АстраЗенека“ ги прекина клиничките испитувања во САД на 6 септември, откако на волонтер кој учествуваше во испитувања во Велика Британија му беше дијагностициран трансверзален миелитис.
Компанијата соопшти дека не е невообичаено волонтер да се разболи за време на клиничките испитувања и дека Управата за храна и лекови на САД ги разгледала записите за безбедност на вакцините собрани во испитувањата ширум светот и заклучила дека тестирањата може да продолжат.
„АстраЗенека“ во текот на минатиот месец ги продолжи тестирањата во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка, иако Управата за храна и лекови сè уште ги проучуваше записите за безбедност на вакцините во тоа време.
„Џонсон и Џонсон“ го прекинаа испитувањето минатата недела затоа што еден доброволец се разболел.
Компанијата во петокот соопшти дека ќе продолжи со клиничките испитувања затоа што нема докази дека волонтерот се разболел поради вакцината.
Компанијата наведува дека испитувањата ќе започнат повторно во понеделник или вторник, а податоците за ефективноста на вакцината треба да бидат достапни до крајот на оваа година или почетокот на следната година.
Компанијата има намера да разговара со властите на други земји и да продолжи со испитувањата таму.
Ново на Сител
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
