Македонија
16. October 2021 - 16:37

Аналитички центар - кој гласа и за кого може да се гласа утре

1.824.864 граѓани со право на глас утре ќе избираат градоначаници и советници на 7мите по ред локалани избори од независноста на државата.

Во овие избори Македонија влегува со најголем избирачки список досега.

Избирачкиот список овој пат брои 10 000 грасачи повоеќе од оној во 2017-та и дури 80 илјади повеќе од избирачкиот список во 2013-та година.

Најголем избирачки список има општина Куманово каде се запишани 93.986 гласачи, а најмалку има во општина Лозово со само 1.984 гласачи.

Во точно 7 часот утре отворени ќе бидат вкупно 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје

Во трка влегуваат 299 кандидати за градоначалници и над 10 000 кандидати за советници распоредени во 577 советнички листи.

Споредено со изминатитре три изборни циклуси, на овие избори се поднесени најмалку независни кандидатури за градоначалници или вкупно 25.   На ниво на Македонија поднесени се и 57 независни листи за советници.

Статистички во оваа трка влегуваат повеќе мажи од жени. Статистиката на ДИК покажува дека 56% од кандидатите се мажи, а останатите 44% жени.

Во првиот круг за победник се смета оној кандидат кој ќе освои 51отсто од гласовите, но само под услов изленоста во општината да надминува 1/3 од вкупниот број запишани гласачи.

Според ова сосема извесно е дека во прв круг градоначаници ќе добијат општините каде има само двајца кандидати, а такви на овие избори има 25 општини.

Во сите останати трката продолжува во вториот круг помеѓу двајацата кандидати кои ќе освојат најголем броја на гласови.

Гласањето ќе трае до утре во 19 часот кога завршува и предизворниот молк, а почнува отворено студио на телевизија Сител.

Од овде први, точно и навремено ги пренесуваме сите изборни резултати.