Бизнис
21. October 2021 - 21:26

Анализа: Дали е можно зголемување на минималната плата на 18.000 денари?

Минимална плата од 18.000 денари. Реалност или предибворен трик? Синдикатот е За, работодавачите против. Преговорите меѓу засегнатите, со посредство на Владата - почнаа. Сојузот кој ги штити работничките права вели неминово е зголемување на минимелцот, за да можат вработените да преживеат. Со вакви примања не можат да го следат трендот на пораст на цените на основните произзводи.

Минималната плата мора да се зголеми. „ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000 денари, тогаш отприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот“, изјави Слободан Трендафилов, ССМ.

Работодавалите пак велат – сега не е време за зголемување на минималецот. Во моментов таа изнесува 50% од просечната, плата,  со што се исполнети криитериумите кои ги бара Европската Унија. Уште едно зголемување на минималната плата ќе предизвика нерамноправност меѓу работниците.

-Секое зголемување на минималната плата се повеќе доведува до т.н. „урамниловка“, која пак како едно поодамнешно економско и социјално искуство не покажува добар резултат, односно оваа не популарна мерка ќе предизвика демотивираност кај добрите работници и нивно мигрирање, изјави Владанка Трајковска, Организација на работодавчи.

Инаку премиерот Заев пред две недели изјави дека ќе се залага до крајот на годината минималецот да достигне 18.000 денари. „Од Владата велат дека целта е да расте не само минималната, туку и останатите плати.

-Еден од предусловите да ги задржиме работниците тука во државата е да го зголемиме нивото на плати, почнувајќи од минималната. Работодавачите исто така сакаат да ја задржат работната сила дома и да не ги губат стручните кадри во земјите на ЕУ – затоа треба сите ние да најдеме начин како ЕУ да ја донесеме тука, дома кај нас“.

Инаку усогласување на минималната плата се врши еднаш годишно, во март. Во моментов таа изнесува 15.200 денари додека просечната плата  28.540 денари.