Македонија
20. January 2022 - 21:23

Анализа: Експертски ставови на тема дали во Македонија има 120.000 етнички Бугари

Реакциите во бугарската јавност по враќањето на Петков од Скопје се поделени, главно на политичко ниво. Во владејачките партии постои одреден триумфализам и оптимизам, додека опозицијата, пред се ГЕРБ на Бојко Борисов, го сарказам го оцени постигнатото на првата средба.

Самата јавност, пак, и експертите по прашањето се внимателни бидејќи се уште има уште многу работа, пренесува новинарот од Софија Ангел Петров.

Едно од клучните барања на Софија е македонските Бугари да се внесат во Уставот. Колкава е нивната бројка ќе покаже пописот, а во однос на тврдењата на претседателот Радев дека нивниот број изнесува 120 илјади, Петров вели дека ретко кој во Бугарија верува дека тоа е реалност.

“Не сум сигурен дека во Бугарија има очекувања во врска со пописот. Извесно е дека претседателот Радев меша две работи кои немаат многу заедничко. Тоа се луѓето кои се декларираат како Бугари и луѓето кои имаат бугарски пасош. Мислам дека во Бугарија одамна е јасно дека не сите кои имаат бугарски пасош се всушност Бугари. Мислам дека претседателот успеа да ја наметне темата дека внесувањето на Бугарите во Уставот е важно, но не сум сигурен колку во тоа се разбираат луѓето во општеството и не сум сигурен дека имаат конкретни очекувања”

Резултатите од пописот ги чека и Македонија. Во услови на агресивна кампања од Софија и шпекулации со вистинската бројка на Бугари во земјава, првиот човек на статистика тврди дека засега не се знае нивниот број.           

“Сигурно од влада веќе ве прашале? – И да знам, а до последен момент нема да знам и не сакам да знам. Сакам да завршат конкретно обработките. Се уште има многу проверки, одредени лица можат да прејдат од една категорија во друга, затоа додека не завршиме не би сакал да се излетувам со бројка, поради тоа што сега во овој момент огромна е веројатноста да погрешам”

Официјалните резултатите од пописот, ќе бидат објаевни на крајот на март.