Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
112. Бројот на кој се јавувате кога се наоѓате во криза. Пуштен во Македонија во 2022 година, бесплатен и едноставен за паметење. Таму можете да свртите и од телефони без сим картичка, или со заклучена тастатура. Ако имате и смартвач, бонус поени за вас бидејќи денеска и тој може да ви го спаси живтот.
Технологијата напредува со огромна брзина, ова темпо треба да го држат и институциите. ЦУК соопшти за надоградба на системот за примање на автоматски повици од паметни часовници, па Сител отиде да провери како функционира.
Ги посетивме операторите кои примаат над 1.000 повици дневно. Освен говорни повици и смс пораки од телефон, системот кај нас е надограден да прима и автоматски повици од паметни часовници кои алармираат кога лицето детектира нема пулс, или кога се наоѓа во стресна ситуација.
И-кол. Систем инсталиран во автомобилите, кој при сообраќајка автоматски испраќа аларм за итност на 112. Операторите кај нас имаат прилагоден систем да го примат повикот, заедно со координатите на возилото, за итно да реагираат во дадена ситуација. Овој систем кој има спасено живот на странски државајни во Македонија, е задолжителен во Европа – за да се имплементира кај сите возила на пазарот кај нас потребни се законски измени.
Системот за итни пвоици 112 е отворен и за интегрирање на други напреди технологии, преку кои граѓаните може да добијат помош кога имаат потреба.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар