-->
-->
Анчелоти почна да го засилува Наполи
-->
Наполи не се откажува од освојувањето на првиот шампионски трофеј во новиот милениум. За таа цел новоангажираниот тренер Карло Анчелоти веќе почна да го склопува шампионскиот тим.. Нов играч на италијанскиот вицепрвак е португалскиот голман Руи Патрисио.
Репрезентативецот на Португалија на голот ќе го наследи Пеп Реина, кој ќе се пресели во Милан, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.
„Треба да ги минам само уште лекарските прегледи. Преговорите се веќе завршени“, рекол Руи Патрисио.
Голманот на португалската репрезентација со Наполи ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе добие 12 милиони евра.
Руи Патрисио целата досегашна кариера ја минал во Спортинг Лисабон. За овој клуб од 2006 година досега одиграл 327 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во тек е кампањата „Носи кацига“
-
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
-
Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
-
Воз удрил во автомобил во Драчево
-
Драматично спасување на заробен човек во длабока тиња и кал во реката Пчиња
-
Орбан неочекувано ја посети Кина
-
Детали од вчерашната сообраќајка во Охрид - Загина 23 годишен мотоциклист
-
Водата во Скопје безбедна за пиење