Андовски на состанок на министрите за здравство на ЈИЕ во Кишињев

Заменик - министерот за здравство, Јовица Андовски денеска присуствува на четвртиот министерски состанок на министрите за здравство на Југоисточна Европа, кој се одржува во Кишињев, Република Молдавија, на покана на молдавскиот министер за здравство Роксанда Главан, која е претседавач на здравствената мрежа на ЈИЕ и регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.
Министерството за здравство соопшти дека на состанокот, кој завршува утре, присуствуваат високи претставници на владите во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.
Темата на четвртиот министерски состанок, како што се наведува, е „Унапредување и благосостојба на здравјето во Југоисточна Европа 2030“, во насока на воведување заеднички субрегионални и национални активности во регионот на Југоисточна Европа за спроведување и остварување на целите за одржлив развој на Обединетите нации, со цел унапредување на здравјето, како и унапредување на еднаквоста и одговорноста во здравствените системи.
Темите за дискусија опфаќаат состојба и предизвици на незаразните болести, универзални здравствени услуги, прекугранично јавно здравство, итни случаи и миграција, како и заеднички напори за решавање на прашањата поврзани со социо-економските детерминанти на здравјето.
Oд Министерството за здравство посочуваат дека во рамки на четвртиот министерски состанок ќе се разгледува ефикасноста на здравствената мрежа на Југоисточна Европа во изминатите 15 години, како и националните капацитети, во насока на идентификување можности за идна соработка.
Регионалната соработка за јавно здравје беше формализирана кога министрите за здравство на земјите - членки на здравствената мрежа на Југоисточна Европа, едногласно ги усвоија Повелбата во Дубровник, во Скопје и во Бања Лука за нивната посветеност кон заедничките интереси за унапредување на здравјето на регионално ниво.
На маргините на четвртиот министерски состанок во Кишињев, Андовски ќе оствари повеќе билатерални средби, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
