Анџелина Џоли не верува дека бегалската криза наскоро ќе заврши
Не верувам дека кризата со бегалците наскоро ќе заврши, изјави американската актерка и специјален претставник на УНХЦР Анџелина Џоли Пит по заминувањето од зградата на Генералниот секретаријат за политика на Егејот и островите во Митилена.
Џоли денеска се сретна и со членови на невладина организација, од кои беше информирана за целокупната состојба на островот Лезбос.
Според информациите, Џоли била позитивна во врска со безбедното преминување на Егејското Море од страна на бегалците, додека за прашањата за влијанието врз економијата на островот и потребата за туристичка промоција на островот, кои ги потегнале локалните власти, Анџелина Џоли ветила дека таа и нејзиното семејство ќе дојдат на одмор на островот.
Во моментов, Џоли е во посета на кампот во Мориа, а подоцна таа ќе замине за Лондон.
Ново на Сител
-
Холанѓанец каснат од змија однесен во Дебар зашто во Охрид немало серум
-
Дамјан Марковски по враќањето од Острошки Манастир: Моментот кога стигнав таму не се опишува со зборови
-
11 годишното исчезнато девојче од Грција било убиено од нејзиниот вујко кој се обидел да ја силува
-
Наставник во Боговиње натепал ученик кој му бил и син во училишен двор | ВИДЕО
-
Средба на претседателот на Собранието Гаши со италијанскиот амбасадор Силвестри
-
Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на конференцијата за обнова на Украина во Берлин
-
Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија
-
Курти: Немаме проблеми со Србите, туку со Србија