-->
-->
Aнгеловски: Очекувам повисоко ниво на игра од претходните дуели
-->
Селекторот на А-националниот тим на Македонија, Игор Ангеловски денеска ја изврши првата прозивка за претстојниот квалификациски дуел со Шпанија што се игра на 12. ноември во Гранада.
Сите играчи пристигнаа со исклучок на голманот Димитриевски кој доцни поради летот од Шпанија.
За Ангеловски најважно е да се подигне нивото на игра од претходните средби и пред се од дуелот со Италија.
„Ме радува формата на репрезентативците и присуството на младите играчи кои остварија историски успех со пласман на Европското првенство. Имаме квалитет и верувам дека ќе ја продолжиме низата од добри игри. Секогаш велам дека за мене Шпанија е во топ-4 светски селекции и ќе биде тешко. Ние сакаме и против таква велесила да потврдиме дека сме кадарни да играме добро во континуитет“- оптимист е Ангеловски.
Македонија во рамките на квалификациите за големите настани по трет пат ќе гостува во Шпанија.
Првиот дуел во Квалификациите за ЕП 1996 г го одигравме во Аликанте кога бевме поразени со 3-0. Потоа гостувавме во Валенсија на 9. ноември 2014 година кога загубивме со 5-1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана