Loading Video...
Фудбал
18. March 2020 - 14:39

Англичаните „смислија“ како да ги продолжат натпреварите во Премиер лигата

Англиската фудбалска асоцијација (ЕФЛ) денеска треба да ги разгледа можните варијанти за продолжување на натпреварувањата. 
 
Откако беше донесена одлука за прекин на сите натпреварувања до 3 април, а по вчерашната одлука на УЕФА за одложување на ЕП за следната година, како и препораката сите национални првенства да се одиграат до крајот на јуни, Англичаните не седат со скрстени раце. 
 
Тамошните медиуми најавуваат дека ангиската федерација веќе има план, сите заостанати 92 на број натпревари во Премиер лигата да се играат, но без присуство на публика. 
 
Според најавите, натпреварите би се играле на неутрални терени, како би се избегнало собирање на навивачите на клубовите пред самите стадиони, како што тоа беше случај со мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. 
 
Воедно, дуелите би се игране на два-три дена, во различни термини, како би можело од сите да има ТВ пренос. 
 
Впрочем ваквата одлука е разбирлива имајќи в предвид колку пари Премиер лигата заработува од продажба на ТВ правата.