Свет
13. October 2015 - 17:45

Анкета: Еден од тројца Германци бараат оставка од Меркел

Еден од тројца Германци (33 отсто) бараат оставка од канцеларката Ангела Меркел заради нејзината миграциска политика, покажуваат резултати од спроведена анкета на списанието Фокус, јавува ДПА.

Повеќе од половината – 52 отсто анкетирани, се против оставка на Меркел. Петнаесет отсто не одговориле на прашањето.

Анкетата била извршена во периодот од 9 до 12 октомври. Најмногу „баратели“ за оставка на Меркел има меѓу новата десничарска партија Алтернатива за Германија – 86 отсто, меѓу либералдемократите – 39 отсто и меѓу „левите“ – 38 отсто. Меѓу владејачкиот десноцентристички блок оставка од Меркел бараат само 14 отсто. Меѓу СДП – 30 отсто и меѓу Зелените – 20 отсто.