Македонија
28. May 2023 - 16:37

Анкета на ИПИС: Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ 20%, за СДСМ 12,9%, Мицкоски со доверба од 13,5%, а Ковачевски со 5%

Граѓаните со недоверба во политичари, проектите на актуелната власт и  со голем сомнеж за висока корупција. Ова се резултатите од последната анкета на ИПИС. Повеќе од третина од испитаниците 39.7% немаат доверба во ниту еден политичар а 18,3 не би гласале за ниедна партија. Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, опозициската ВМРО ДПМНЕ би победила, бидејќи води со цели 7 проценти пред СДСМ за кои би гласале 12. 9 проценти.

Најголема  доверба ужива лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кого го посочиле 13,5 отсто од испитаниците, претседателот на ДУИ Али Ахмети е втор на листата со 6 отсто додека премиерот Димитар Ковачевски има доверба кај  само 5%. Оваа разлика ќе биде уште поголема како се ближи времето за избори смета аналитичарот Владимир Божиновски.

За договорото со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д, поголемиот дел од  испитаниците сметаат дека е коруптивен. 53,3 отсто  од македонците во анкетата одговориле дека се против договор во таква форма, а сличен е процентот и кај албанците. Од  вкупниот број анкетирани го поддржуваат само 24,8 проценти.

Владејачката СДСМ реагира на опозицијата нема да и помогне ниту една лажна анкета за да му помогне на Мицкоски да одговори дали е за ЕУ или за ЛЕВИЦА. Според нив, елевантите анкети покажуваат спротивно дека  рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува .

Телефонското истражување на ИПИС е спроведено во периодот од 23 до 26 мај на 1112 полнолетни испитаници на ниво на целата држава а биле опфатени сите категории според полот, староста, националноста, место на живеење, образование.