Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови

Хрватска планира да стане водечка европска земја во производство и испорака на мали беспилотни летала, изјави хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ на средба со својот француски колега Себастиен Лекорњу во Париз, јави агенцијата ХИНА.
Министрите се сретнаа вчера на меѓународниот саем за воена техника и вооружување во Париз, каде ја потврдија одличната одбранбена соработка меѓу двете земји.
За време на претстојната посета на Лекорњу на Хрватска во септември се очекува финализација на договорот за набавка на 18 хаубици „Цезар“ (Caesar) за хрватската армија, со целосен пакет што вклучува обука и логистичка поддршка.
– Со ова ги продолжуваме интензивните напори за опремување и модернизација на нашите вооружени сили, изјави Анушиќ.
Хрватскиот министер ги претстави и амбициите на Загреб да стане лидер во производство и испорака на мали дронови во рамките на европските планови за јакнење на домашната одбранбена индустрија. Лекорњу го истакна потенцијалот на хрватските компании во оваа област и најавил дека при посетата ќе ги разгледа нивните производствени капацитети.
Анушиќ му се заблагодари на Лекорњу за француската поддршка на модернизацијата на хрватската армија. Соработката значително се зајакнала по набавката на повеќенаменските борбени авиони „Рафал“.
Идната недела во Хаг ќе се одржи самит на НАТО, на кој се очекуваат нови одлуки за зголемување на трошоците за одбрана.
– Хрватска е свесна за важноста на зголемувањето на одбранбените расходи, рече Анушиќ, додавајќи дека по постигнувањето на целта од 2 отсто од БДП оваа година, до 2027 година планира да го зголеми буџетот за одбрана на 2,5 отсто, а до 2030 година на 3 проценти од БДП.
Ново на Сител
-

Следува период на многу топло време, здравствените власти со препораки до граѓаните
-

Владата донесе одлука за кризна состојба во државата поради зголемени ризици од пожари
-

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
