-->
-->
АО: Федерер по пет сета со Сандгрен обезбеди полуфинале
-->
Роџер Федерер го преживеа дуелот со Тенис Сандгрен и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Швајцарецот на теренот мина три и пол часа, спаси седум меч топки и на крајот победи 6/3, 2/6, 2/6, 7/6, 6/3.
Играчот со најмногу гренд-слем титули лесно го доби првиот сет со 6/3 за 35 минути игра. Вториот и третиот сет во целост му припаднаа на Сандгрен, кој „леташе“ по теренот и направи пресврт.
Драмата што го реши победникот се одвиваше во четвртиот сет. Сандгрен при резултат 5:4 не искористи три меч-топки, а потоа во тај-брејкот не успеа да реализира уште четири топки за победа.
Тај-брејкот во четвртиот сет му припадна на Федерер со 10:8.
Петтиот сет го реши еден брејк, него во шестиот гем го направи Федерер.
Швајцарецот во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот помеѓу бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи