-->
-->
Апасиев: По Уставот сум должен да не ги примам попишувачите дома во време на пандемија
-->
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку Фејсбук истакна дека по сила на Устав, должен бил да не ги прими попишувачите.
– Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас, по сила на Устав, сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус, напиша Апасиев.
Упати остри критики и напиша дека можеби ќе го оспори законското решение пред Уставниот суд.
– Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако имам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења, вака тој го заврши својот Фејсбук статус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови