Loading Video...
Свет
7. December 2022 - 16:34

Апсења на екстремисти кои планирале државен удар и убиства во Германија

25 лица  се уапсени во рации низ Германија под сомнение дека планирале државен удар, со насилен  упад во Бундестагот и преземање на власта.  Уапсени се водачот и членови на екстримисткото движење Граѓаните на Рајхот, поранешни приданици на војската ,елитни војници од специјалните единици, екс пратеничка  од  Алтернатива за Германија во Бундестагот, како и еден државјанин на Руската Федерација  кој  наводно  и помагал на групата   да контактира  со руски функционери за да ја  реализира целта.

Според истрагта лидер на Германија  требало да биде Водачот на Граганите на Рајхот, 71 годишниот  Хајнрих  Ројс кој се нарекува принц  и кој потекнува  од старо благордоничко семејствот познато како Куката на ројс. 

Движењето долго време е во  видното поле на германската  полиција поради насилни напади и расистички теории на заговор. Тие исто така одбиваат да ја признаат модерната германска држава, прогласуваат мали национални територии на своите имоти и ги нарекуваат Втора Германска империја и не плаќаат даноци. 

Федералното   обвинителство  на Германија  соопшти дека заговорниците веке имале воспоставено планови да владеат со Германија, и  планирале дека можат да ги остварат своите цели само со воени средства и насилство врз претставниците на државата, што според обивнителството вклучува и ивзршување убиства.

Цел на истрагата се уште 27 лица за кои  полицијата се сомнева дека  се дел од групата, чиј план бил да  формираат нова држава по моделот на Германија од 1871 година – империја наречена Втор Рајх. Во мегувреме  Официјален Кремњ негира поврзаност со осомничените терористи.

Во близина на Барселона  утрово се судриле два патнички воза при што се повредени најмалку 155 лица. Возовите се движеле во истиот правец и се судриле додека еден бил стациониран на станицата. Како воопшто можело тоа да се случи, треба да открие полициската истрага.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски и „духот на Украина“ се прогласени за личност на годината за 2022 според изборот на магазинот „Тајм“.

Уредниците на магазинот велат дека тоа било најлесната одлука за личност на годината по долго време. Без разлика дали борбата за Украина ве исполнува со надеж или страв Зеленски го раздвижи светот на начин каков што не сме го виделе со децении  се вели во соопштението на уредникот.