Македонија
8. March 2021 - 16:34

Арачиново даночен рај - Нула денари данок на имот се собираат секоја година

Нула денари данок на имот собрала општина Арачиново за три години. Нема решенија за наплата на данокот бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници. Податоците на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека од општините најдобра наплата има Општина Центар која во просек годишно прибира 2,3 милиони евра. 

Но зошто државата дозволува даночна евазија и многу ниска наплата во одредени општини ? Професорот Треновски вели дека клучен проблем е што општините сеуште се исклучително зависни од државата и децентрализацијата не е дојдена до нивото кое треба.

Според Треновски неопходно е да се води точна дата база на имотите. Треба да се работи на зајакнување на даночните служби и законските регулативи. Причина за ниската наплата во руралните општини е и немањето на даночни инспектори. Но пресудна за наплатата на даноците е политичката волја.

Половина од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје. Десетте градски скопски општини заедно прибираат во просек 10 милиони евра годишно.