Македонија
2. December 2023 - 16:32

Архитектонски и туристички обележја на Охрид поради негрижа оставени да пропаѓаат

Потребна е поголема заштита на препознатливите симболи на градот Охрид со богата историја и традиција.Сведоци сме дека дел од нив како што е хотелот Палас ,ПТТ и многу други кои во минатото биле туристички споменици како по местоположбата така препознатливи и по развојот на градот  сега се оставени на забот на времето ,да пропаѓаат обраснати со треви и руинирани.

Историчарите апелираат на поголема свесност за вредните објекти .

За жал, недоволната грижа и  за културното и природното богатство го доведоа регионот во опасност да биде впишан на листата загрозено подрачје.

Според експертите грижата не е само на институциите, локалната и државната власт,  потребна е поголема свесност и од страна на населението.