Арменд Дестани најсериозен кандидат за директор на АЕК
Одложен изборот за прв човек на Агенцијата за електронски комуникации. Кој ќе седне на директорката фотелја, задолжена за регулација на телекомуниакцискиот пазар – ќе се знае следната недела. Од Комисијата задолжена за селекција велат дека на објавениот конкурс се пријавиле 9 кандидати. Едниот не ги исполнувал условите, а уште еден не се јавил на закажаното интервју.
Во трка се 7лица, од кои името на Арменд Дестани се споменува како најсеризен кандидат, брифираат за Сител извори од комисијата. Од биографијата на Дестани може да се види дека бил претседател на фудбалскиот клуб Башкими, инаку по професија е ИТ инженер, а работел и во Владата.
Токму Дестани се јавил и на претходниот оглас, кој беше поништен, затоа што неколку кандидати имале фалсификувани сертификати за познавање на странски јазици. Од објавениот оглас за претседателската функција од кандидатите се бара, покрај соодветното образование, да имаат најмалку 5 годишно искуство во областа на електронските комуникации и да поседуваат најмалку еден од меѓународно признатите сертификати за познавање англиски јазик, како и истиот да не е постар од 5 години.
Инаку Агенцијата за електронски комуникации има клучна улога во регулирање на телекомуникацискиот пазар, обезбедување фер конкуренција и заштита на интересот на граѓаните и бизнисот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
