Арсен Аваков: Оваа година Украина треба да ги врати Донбас и Крим

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека главна задача на безбедносните структури оваа година е обновување на суверенитетот во Донбас и враќање на Крим.
- Во 2017 година обврска ќе биде да се дојде до меѓународно признатата граница на Украина во Донбас, а потоа и во Крим. Со тие процеси ќе се занимаваат полицајците, гардистите, судските органи, но први ќе тргнат граничарите, соопшти украинското МВР.
Според Аваков, за граничарите главна задача оваа година ќе биде целосна подготвеност за преземање контрола врз државната граница.
- Ова не се никакви мои пропагандни изјави или некакви фикс идеи. Тоа е реалност, со која ќе се соочиме набрзо, а државата мора да смета на подготвеноста на граничарите да преземат одлучни дејствија и да имаат волја да го извршат овој процес, истакна Аваков.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
