Арсовски: Граѓаните се нестрпливи СДСМ да си замине од власт
Зоран Заев и СДСМ се најголемите измамници во историјата на Република Македонија.
Заев сам вети дека ако изгуби на локалните избори ќе си поднесе оставка. СДСМ ги изгуби изборите, Заев ги изгуби изборите, најави дека ќе поднесе оставка вечерта после вториот круг, но оставката се уште ја нема никаде.
Напротив, за да не му падне Владата, Зоран Заев ја киднапираше и партија, неговата партија, но и киднапираше пратеник од друга партија за да не влезе да гласа против неговата Влада.
Партијата која што помеѓу првиот и вториот круг најавуваше прогрес, всушност е партија која што е водена од нарко картел. Прогресот замислете почна да киднапира.
Ако го погледневте лицето на Зоран Заев од Собрание, ќе сфатевте дека тој е уценет и киднапиран човек од своите криминални пориви, плашејќи се да не одговара за сето она што го правел, да не заглави во затвор и мораше да ја киднапира и целата негова партија и да киднапира пратеник од друга партија.
Класични криминалци, апаши, киднапери, функционираат како картел, исто како во јужноамериканските филмови.
Да веруваше Заев во своите пратеници ќе ги пуштеше да влезат внатре и да гласаат. А, не сега да ги пушта по телевизии да го бранат за да не понесе одговорност и да не си даде оставка.
Победата од 100.000 гласови која што ја оствари ВМРО-ДПМНЕ врз СДСМ на овие локални избори, верувајте дека само ќе расте до наредните избори кога и да бидат.
Граѓаните се нестрпливи да го видат Заев да понесе одговорност, а СДСМ да си замине од власта и од институциите, бидејќи ова што го прават е класичен терор врз граѓаните и врз институциите.
Кога Зоран Заев не сака сам да ја даде оставката, граѓаните ќе му ја испорачаат многу брзо.
Оставката е исто како и оставката на Филипче, исто како и утврдената одговорност за кабелот во тетовската болница каде што изгореа 14 луѓе.
Што подолго чекаат СДСМ и Зоран Заев за оставките, толку поболен ќе им биде падот од власт, верувајте.
Моментално, фигуративно демонстрирано, тие веќе не се партија на власт, тие се само криминална компонента која што се одржува на апарати уште некои или како што тие велат на неодредено време.
Одговорност за цел криминал, за сите лаги и измами, за сите мафијашко-примитивни потези во политиката мора да има и ќе има. Македонија треба да оди во ЕУ, а не да биде киднапирана во картелско заробеништво на картелот Заеви.
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Таравари: Сигурен сум дека оваа влада ќе ги почне преговорите со ЕУ
-
Спасени штркови чие гнездо падна при паѓање на бандера кај Тиквешко Езеро
-
Осомничениот за убиството на Данка Илиќ во обвинителството негираше вина
-
19 поранешни пратеници од СДСМ побарале апанажа
-
Најверојатно в четврток претседателката Сиљановска Давкова ќе му го врачи мандатот за формирање на нова влада на Мицкоски
-
Дарко Костадиновски избран за претседател на Уставен
-
Сиљановска Давкова: Не мислам дека заканите на господинот Мицотакис се во духот на развивањето на пријателските односи
-
На 29 пратеници од минатиот состав им се прифатени барањата за апанажа, еве кои