Асад: Мировниот договор за Сирија може да биде потпишан во Прага
Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека е можно потпишувањето на договор за прекин на конфликтот во Сирија да се одржи во Прага.
- Се разбира, ако ги прашате Сиријците, тие ќе ви кажат дека не сакаат мировна конференција во Франција, бидејќи Франција поддржува тероризам и војна, а не мир. Кога ќе се спомене Прага, тaa ќе биде универзално прифатена, бидејќи вашата земја е во стабилна позиција, рече Асад во интервју за Чешката државна телевизија (ЧТ), кое ќе биде емитувано вечерва, а од кое синоќа беа објавени делови.
За таа можност, како што јави дописникит на МИА од чешкиот главен град, веќе дискутираше и чешкиот претседател Милош Земан, при неговата посета на Њујорк во септември.
Тој оцени дека не би имал против да биде овозможено потпишување на декларација за примирје во Чешка, доколку договорот е склучен со претставниците на демократската опозиција, а не со терористичките организации, кои исто така војуваат во Сирија .
Во интервјуто, сирискиот претседател говори и за сириските бегалци, потврдувајќи ја можноста меѓу нив да има и терористи. На новинарско прашање, дали Европа треба да се плаши или треба да им помага, Асад вели дека „повеќето Сиријци се добри луѓе, но меѓу нив исто така има и терористи, а колку од нив, ние не знаеме“.
Конфликтот во Сирија почна во март 2011 година, кога масовните улични протести против властите во Дамаск прераснаа во граѓанска војна. За четири години во конфликтот во Сирија загинаа над 200.000 лица, а речиси половина од жителите на земјата беа принудени да ги напуштат своите домови.
Чешка за цело време на конфликтот во Сирија ја заддржа Амбасадата во Дамаск, која меѓу другото ги застапува интересите и на земјите кои ги отповикаа своите претставници, меѓу нив и САД, кои учествуваат во мировните преговори.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО