Aсфалтирана улицата „Ацо Шопов“ во Крива Паланка

Асфалтирањето на улицата Ацо Шопов, крак 1 во Крива Паланка е завршено. Улицата е со вкупна должина од 450 метри, а асфалтирањето е извршено во рамки на Проектот за реконструкција на локални улици и патишта поддржан од општина Крива Паланка, Светска банка и Министерство за финансии на Република Македонија.
- При реализација на проектот за асфалтирање решено е и одводнување на атмосферски води и нивелација на постојни фекални шахти. Просечна ширина на улицата е четири метри, поставени се бетонски каналети и бетонски рабници од двете страни на улицата. Кракот од улицата „Ацо Шопов“ веќе неколку години е во Програмата за уредување градежно земјиште на Советот на општина Крива Паланка поради големиот број објекти кои гравитираат кон самата улица. Со целосната изградба на овој крак се обезбеди сообраќајна врска со централното градско подрачје на околу 300 жители од населбата, изјави градоначалникто на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Проектот е дел од трите приоритетни инфраструктурни проекти во општината кои се реализирани со средства од Светска банка, а покрај овој патен правец беше изграден локален пат во село Конопница, спој со магистралата М2 со должина и реконструкција на локален патен правец Крива Паланка – село Конопница, во маала Стамболици преку местото викано Кула до Црквата.
Ново на Сител
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
