Loading Video...
Свет
23. October 2021 - 16:31

Асистент на режисерот гарантирал дека пиштолот на Болдвин е безбеден

Пиштолот од којшто актерот Алек Болдвин пукаше на снимање на филм и уби жена, му го дал асистентот на режисерот кој му рекол дека е безбеден. Судските записи откриваат дека асистентот не знаел дека реквизитот содржи боева муниција.

Директорката на фотографија Халина Хачинс почина откако куршумот ја погоди во градите, а режисерот кој се наоѓал веднаш зад нејзе е ранет, но вчера е пуштен на домашно лекување.

Весникот „ЛА тајмс“ објави дека на сетот не се почитувале во потполност безбедносните протоколи. Минатата недела, најмалку еден учесник во снимањето на филмот се жалел на продукцијата околу безбедносните проблеми со оружјето на сетот.