Македонија
30. January 2023 - 13:36

Асоцијација за цистична фиброза најави протест на 4 февруари

Асоцијацијата за цистична фиброза преку Фејсбук најави нов протест на 4 февруари со почеток од 12 часот пред Владата

„Борбата продолжува со надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза.“, велат од Асоцијацијата.