Бизнис
17. April 2021 - 8:37

Асоцијацијата на ивент индустријата на средба со вицепремиерот Битиќи

 Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП информира дека за денеска во 10 часот добиле покана за средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Владата. На средбата, како што велат, ќе продолжат разговорите за помош на нивниот сектор.

-Заради желбата за прогрес и изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за помош, протестите ќе ги ставиме во мирување. Повторното обновување на протестите ќе зависи од текот на разговорите и од евентуалното решение кое ќе биде постигнато, велат од Асоцијација ИВАП.