Loading Video...
Фудбал
12. August 2020 - 10:45

Аталанта и ПСЖ во во првото четвртфинале во ЛШ

Вечерва ќе го добиеме и првиот полуфиналист во Лигата на шампионите, натпреварување во кое за прв пат во историјата завршницата се игра по турнирски формат и тоа на два стадиони во Лисабон. 
 
Вечерва на стадионот „Луж“ во Лисабон, ќе се одигра првиот меч од завршницата на Лигата на шампионите. 
 
За место во полуфиналето ќе се борат италијанската Аталанта и францускиот Париз Сен Жермен. 
 
Тимот од Бергамо кој ја игра дебитантска сезона во елитното натпреварување, во мечот со парижаните влегува како аутсајдер со надеж дека ќе успее да излезе како победник и да го „обели образот“ на италијанските екипи како единствениот тим од оваа земја кој остана во конкуренција за трофејот. 
 
Впрочем и традицијата вели дека ПСЖ досега се нема радувано на победа над италијанска екипа во Лигата на шампионите. 
 
Но. „Светците“ сега се во ситуација да го сменат тоа, имајќи во предвиде дека најверојатно на овој меч ќе настапат во најсилен состав. Првиот стрелец на тимот Килијан Мбапе, синоќа го одработе комплетниот тренинг, па најверојатно заедно со Нејмар ќе биде во стартните единаесетмина. 
 
Дуелот меѓу Аталанта и ПСЖ ќе започне од 21 часот терминот во кој ќе се играат и преостанатите три средби од четвртфиналната рунда. 
 
Утре, за место во полуфиналето ќе играат Лајпциг и Атлетико Мадрид, за петок закажан е дуелот меѓу Барселона и минхенски Баерн, а четвртфиналето ќе го комплетираат Манчестер Сити и Лион со дуелот што ќе се игра во сабота.