Loading Video...
Фудбал
21. January 2022 - 0:52

Атлетик ја елиминира Барселона во осмина-финалето на „Копа Дел Реј“

Атлетик Билбао и Реал Мадрид го комплетираа списокот на екипи кои ќе играат во четвртфиналето на шпанскиот куп. 
 
Во реприза на минатогодишното финале, бранителот на трофејот Барселона загуби на гостувањето во Билбао од Атлетик со 3-2 и тоа по дополнителните 30-минути откако во регуларниот дел резултатот беш 2-2. 
 
Домашниот тим во два наврати имаше предност која за продолжение ја анулира Педри во третата минута од судиското дополнеие (90+3). Голот за пласман во меѓу осумте најдобри за Атлетик го постигна Икер Муниаин од пенал на крајот на провото продолжение (105- минута). 
 
И Реал одигра 120-минути во мечот против Елче кој во регуларниот дел заврши без голови 0-0. Во продолженијата аутсајдерот имаше предност од 1-0, но со головите на Иско и Азар, Реал стигна до победа и пласман во четвртфиналето. 
 
Место меѓу осумте најдобри претходно обезбедија: Р. Сосиедат, Мајоркаа, Кадиз, Р. Бетис, Валенсија и Рајо Ваљекако 
 
Ждрепката за четвртфиналето е утре, а првите натпреварите се закажани за 9 февруари, додека реваншите ќе се играат на 2 март