Свет
8. February 2017 - 8:24

Авганистанец повредил со нож две лица во Братислава

Авганистанец повредил со нож две млади лица во словачкиот главен град Братислава, соопшти синоќа полицијата.

- Авганистанецот е на возраст од 22 години и нападнал со нож две млади лица на улица во Братислава. Напаѓачот им се заканувал дека ќе ги убие, изјави портпарол на полицијата.

Инцидентот се случил пред ресторан за брза храна. Напаѓачот е приведен и се соочува со казна затвор од четири до 10 години.