АВМУ: Почитување на Изборниот законик-новинари да не учествуваат во предизборни активности
Агенцијата вчера му укажа на Јавниот радиодифузен сервис дека нужно мора да води сметка, сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик според која тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти.
Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1, Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18-та Конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во неделата, на 3 март 2019 година. Инаку, со мониторингот на известувањето во предизборниот период беше констатирано дека на програмите на радиодифузерите, кои во моментов се предмет на надзор, таа не се појави во прилозите од овој настан.
Агенцијата ги потсетува сите радиодифузери дека уредници, новинари, водители на програма и презентери кои се ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, мора да ја почитуваат оваа забрана, која важи од распишувањето до завршувањето на изборите.
Укажувањето за МРТ1 е достапно на веб страницата на Агенцијата во делот ИЗБОРИ 2019.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО