Австралија под карантин се додека не се вакцинира 70 отсто од популацијата
Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против корона вирусот се додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно вакцинирано, но и потоа ќе мора да почне да живее со вирусот, рече денеска премиерот Скот Морисон.
Земјата вчера постави рекорд со 914 нови случаи на корона вирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин, пренесуваат британските медиуми.
-Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се случува кога 70 проценти од населението е вакцинирано, рече Морисон во телевизиско интервју.
Заклучувањето е клучен елемент во стратегијата на федералната влада за спречување на пандемијата на корона вирус, се додека не се достигне нивото на вакцинација од 70 проценти, а границите постепено ќе се отвораат кога бројот на вакцинирани ќе се зголеми на 80 проценти.
-Заклучувањето не е одржлив начин за решавање на проблемот со вирусот и затоа мора да достигнеме 70 и 80 проценти од вакцинираните, за да можеме да почнеме да живееме со вирусот, додаде премиерот Морисон.
Во Австралија, која има 25 милиони жители, околу 60 проценти од населението во моментов се наоѓа во карантин.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.