Loading Video...
Свет
4. April 2020 - 16:42

Австралиски научници открија: Лек против вошки го убива вирусот Ковид-19

Лек против вошки во лабораториски услови го убива вирусот Ковид-19, откриле австралиски научници. Станува збор за лекот „Инвермецтин“ кој со години наназад се користи за третман против вошки и шуга, а достапен е како апче, лосион или шампон. Сепак, австралиските здравствени власти предупредуваат да не се користи, бидејќи несоодвена употреба може да доведе до труење.

-Нема причина да купувате третман против вошки освен ако не го користите во косата на вашите деца. Само сакам да го истакнам тоа затоа што сме слушнале за луѓе во странство кои слушнале за потенцијален развој и потоа конзумирале лекови што се користеле целосно на несоодветен начин и истите потоа починале. Не сакам да видам луѓе што брзаат кон нивните аптеки или нивните супермаркети сега купуваат третмани со вошки затоа што научниците се задолжени за целосно испитување на овој потенцијален лек, вели австралиската министерка за здравство, Џени Микакос.

Шпанија ја надмина Италија по бројот на заразени. Во последните 24 часа 809 лица во Шпанија го загубија животот како последица на вирусот Ковид-19. Вкупниот број на заразени ја надмина границата од 120.000.

Сепак, за првпат по три дена бројот на починати е под 900, со што западните медиуми јавуваат дека Шпанија е многу близу до достигнување на пикот.

Денеска навршија три недели откако Шпанците се во карантин, а властите планираат да го продолжат за уште две.

Турција затвори 30 големи градови. Се забранува влез и излез во времетраење од 15 дена, објави турскиот претседател Ердоган.

Според него, најважна е изолацијата, но биле забележани прекршувања на мерките донесени од властите. Во Турција бројот на заразени е над 20.000, а бројот на смртни случаи достигна 425 луѓе.

Кина денеска се одржува ден на сеќавањето во чест на оние што починале од коронавирусот.

Цела Кина запре на три минути, а возачите свирејќи им оддадоа почит на починатите.

Станува збор за традиција која се одржува секоја година, познат како фестивал Кингминг. Меѓутоа, годинава Кинезите му даваат поголемо значење на овој ден поради големиот број на починати како последица на Ковид-19. Според официјалната статистика, од овој вирус починаа над 3.300 луѓе. Меѓутоа, светските медиуми јавуваат дека овој број всушност многу поголем.