Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане, се превртел и бил опожарен
Кумановските пожарникари во ноќните часови гаселе пожар на превртен автомобил „голф“, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај Доброшане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. СВР Куманово информираше дека возилото излетало од коловозот и дека нема повредени лица.
– ТППЕ Куманово во текот на ноќта имала интервенција во село Доброшане на превртено патничко возило голф. Пожарникарите интервенирале со едно противпожарно возило и петмина пожарникари од 23:30 до 01: 15 часот, соопшти РЦУК Куманово.
СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило „голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ. Ж. (44) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата е причинета само материјална штета, а екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Ново на Сител
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје