Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19
– Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот.
Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и да ги заострат условите за тестирање на сите луѓе кои доаѓаат во САД, без разлика дали се вакцинирани.
Додека некои земји во светот ги затвораат границите или повторно воведуваат карантин, Бајден истакна дека засега нема да воведе дополнителни мерки освен препораката Американците да носат маски во затворени простории, на јавни места.
– Експертите сметаат дека бројот на случаи на коронавирус ќе продолжи да се зголемува во наредните недели оваа зима, поради што мора да бидеме подготвени, изјави американскиот претседател за време на посетата на Националниот институт за здравство во Вашингтон.
Тој рече дека неговата нова стратегија „не вклучува затворања и карантини“ и дека се надева на поддршка.
– Објавувам одлучен план во борбата против Ковид-19 и мислам дека треба сите да не обедини, додаде Бајден.
Спроведувањето на указот на Бајден за задолжителна вакцинација во поголемите компании е блокирано пред судовите во некои американски сојузни држави, поради што претседателот ги повика компаниите да наложат имунизација на своите работници, за да можат да останат отворени без ширење на инфекцијата.
Ново на Сител
-

Најмалата коска во човечкото тело е помала од зрно ориз – знаете ли каде се наоѓа?
-

ФАО: Цените на храната во јули највисоки во последните три години
-

Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе се одржат на 18 октомври
-

По нацистичките бродови во Србија, Дунав во Будимпешта откри останки на Хитлерови војници и воен мотоцикл
-

Туристи реагираат: Во 7:20 плажите во Полихроно „резервирани“ со пешкири и столчиња – местата зафатени, луѓето ги нема
-

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак
-

Пред пукањето во Тајланд ученикот ги убил своите баба и дедо
-

Седуммина убиени во пукањето во училиште во Тајланд, 15 повредени
