Loading Video...
Свет
20. January 2021 - 16:44

Бајден и Харис - Кои се новите лидери на САД!?

Џо Бајден денеска ќе стане 46 тиот американски претседател. Заклетвата на функцијата ќе ја положи во 18 часот по средно европско време на церемонија во главниот град Вашингтон. За време на инаугуративната церемонија нема да има толпа на луѓе - уште пред нападот на Капитол, Бајден побара приврзаниците да останат дома за настанот да не се претвори во ковид кластер. Стотината гости кои ќе седат на столиците на западната страна од Капитол ќе мора да држат растојание, да носат маска и да покажат негативен ковид тест направен непосредно пред церемонијата. За споредба, за време на церемонијата за Обама, беа собрани близу 2 милиони поддржувачи. Сега празниот простор е исполнет со 200.000 американски знамиња.  

Граѓаните назначувањето на својот иден претседател ќе можат да го следат преку медиумите и преку интернет.

Инаугурацијата на 46 претседател на САД ќе помине и под засилени бебзедносни мерки, поради неодамнешниот упад во Капитол од страна на радиклани привразаници на Трамп. Вашингтон наликува на воена зона.

25 000 војници на Национална гарда заедно со полицијата ќе се грижат за безбедноста на инаугурацијата. 12 гардисти се отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет.

Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследеник, ниту ќе го пречека во Белата куќа. Успех на новата администрација и посака преку видео порака објавена на твитер профилот на Белата куќа.