Бангладеш во опасност од големи поплави
По монсунските дождови и зголемувањето на нивото на реките во соседна Индија, земјоделските области во северен Бангладеш, се изложени на ризик од поплави.
Според надлежните во Бангладеш, нивото на водата на многу реки сè уште се зголемува, што носи ризик од пукање на насипите, а во тој случај стотици илјади луѓе во повеќе од 20 области би биле погодени од поплавите.
Службеник за итни случаи во областа Сираџганџж изјави дека околу 50.000 семејства веќе биле погодени од зголемувањето на нивото на водата во реката Џамун и дека многу области би биле под вода ако нивото на водата продолжи да расте.
Поради дождовите во изминативе денови, големите реки во сиромашниот северен дел од земјата веќе поплавија многу населени и земјоделски области на пониска надморска височина.
Ново на Сител
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени