Loading Video...
Спорт плус
6. November 2022 - 15:00

Бањаја е новиот светски шампион во Мото ГП

 
Франческот Бањаја е новиот светски шампион во „кралската класа“ односно Мото ГП шампионатот. 
 
Италијанецот заврши како 9-то пласиран на денешната последната трка од сезоната возена за Големата награда на Валенсија. 
 
Тоа беше повеќе од доволно на крајот членот на Дукати да заврши како прво рангиран пред сега веќе екс шампионот Фабио Квартараро.
 
Бањаја сезонава забележа седум победи и сосема заслужено го понесе приматот шампион. 
 
Инаку победник на денешната трка беше Шпанецот, Алекс Ринс член на Сузуки.