ОН бараат поголема помош за задолжените држави

– Обединетите нации од развиените земји побараа поголема флексибилност во олеснување на растечкиот должнички товар на посиромашните држави, јави ДПА.
-Мислам дека не е потребна многу имагинација за да се разбере дека оваа должничка криза се заканува да се прелее на вкоренетата криза за одржлив развој…, изјави шефот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер.
Тој кажа дека постои страв дека погодените земји, особено во Африка и Латинска Америка, повеќе нема да можат да си дозволат трошоци за да се справат со пандемијата на коронавирусот или да ги исполнат развојните и климатски цели.
Во извештајот објавен денеска, наведува ДПА, УНДП идентификуваше 54 земји во развој што имаат сериозен проблем со долгот. Тие претставуваат малку повеќе од три отсто од глобалната економија, но сочинуваат повеќе од 50 отсто од луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија.
-Со оглед на глобалната перспектива за низок раст и високи каматни стапки, меѓународната заедница мора итно да ги засили напорите за олеснување на долгот за да се избегне продлабочување на развојната криза“, се наведува во извештајот на УНДП.
Најтешко погодени земји, се наведува во извештајот, се Чад, Замбија и Етиопија, како и Шри Ланка и Пакистан.
Ново на Сител
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
