Loading Video...
Кошарка
29. јуни 2020 - 15:55

Барселона и Басконија во финалето на шпанската кошаркарска лига

Екипите на Барселона и Басконија ќе се борат за титулата кошаркарски првак на Шпанија. 
 
Ова е исходот по одиграните полуфинални натпревари на завршниот турнир што се одржува во Валенсија. 
 
Тимот на Барселона ја оправда фаворитската улога против Сан Поабло Бургос и забележа победа со 14 поени разлика (98-84), додека во второто полуфинале Басконија и домаќинот на турнирот Валенсија одиграа неизвесен меч кој го добија Баскијците со два разлика 75-73. 
 
Така утре во финалето за шампионскиот трофеј ќе играат Барселона и Басконија во мечот кој ќе започне до 20 часот. 
 
Инаку овие два тима играа и меѓусебно пред осум дена во рамките на групната фаза, а Каталонците забележаа победа со шест поени разлика (81-75).