Loading Video...
Кошарка
8. February 2020 - 15:32

Барселона не дозволи изненадување, несреќен пораз на Фенербахче

Двата најинтересни натпревар со кои беше комплетирано 24.коло кошаркарската Евролига се одиграа во Истанбул ми Барселона. 
 
Иако во втората четвртина губеа и со 12 поени разлика, кошаркарите на Барселона не му дозволија на италијанскиот Армани Милано да направи изненадување, па шпанскиот тим со триумфот од 84-80 стигна до 18-тата победа колку што има и Реал на второто место на табелата, а две помалку од лидерот Анадолу Ефес
 
Во Истанбул каде играа Фенербахче и Макаби се одвиваше вистинска драма која заврши со среќен крај за гостите победија со  78-77. 
 
Во последните секунди од мечот Фенербахче имаше поен предност, но со кошот Хантер на 2,5 секунди до крајот Макаби поведе.
 
Можноста за победа за домаќините не ја реализира Дерик Вилијамс, па мала беше утехата што со 22 поени, го заврши натпреварот како најефикасен.