Loading Video...
Кошарка
4. May 2022 - 11:26

Барселона обезбеди пласман на „фајнал-форот“ во Белград

И во најквалитетното европски кошаркарско клупско натпреваување, Евролигата, вечерва ќе го дознаеме последниот патник на во полуфиналето. 
 
Екипата на Барселона им се придружи Реал Мадрид и Анадолу Ефес на завршниот Фајнал-фор турнир што ќе се одржува во Белград
 
Шпанскиот тим ја доби мајсторката од четвртфиналната рунда против минхенски Баерн откако пред својата публика славеше со 81-72. 
 
Барса во полуфиналето за противник ќе го има големиот шпански ривал Реал, додека кошаркарите на Анадолу Ефес ќе го исчекуваат исходот од вечерашниот натпревар меѓу Олимпијакос и Монако кои исто така ќе играат „мајсторка“.